Петар Печков
Објавено: недела, 17 јануари 2021
Втор ден по ред висок број на оздравени лица и едноцифрен број на ново заразени. Денес, недела Министерството за здравство објави дека во велешко се регистрирани шест нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 33.Или активни се 335 случаи а досега од корона вирусот се заразиле 2.954 лица.
Утрово е починат еден пациент на 66 годишна возраст, позитивна на ковид-19, лекуван на Инфективно одделение две недели. Тој е 98-та жртва од последиците на корона вирусот.
Во велешка Болница хоспитализирани се 40 пациенти , од нив Инфективно одделение 34 на Интерно шест. Од овие лица 30 се потврдени позитивни,три сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти.
фото Александар Манев
Tweet |