речник контакт

Оздравени се 43 пациенти, ново заразени со ковид-19 во велешко се 23 лица

Бројот на активни случаи падна на 615, во Болница се 86 пациенти

Петар Печков

Институтот за јавно здравје и денес регистрира повеќе оздравени, отколку ново заразени со ковид-19 во велешко. Бројката за изминатите 24 часа е 43 оздравени пациенти и 23 ново заразени. Активни се 615 случаи а досега биле заразени  5.322 лица.

„Починат е еден пациент на 79 годишна возраст, позитивен од с.Каратманово лекуван три дена на интерно одделение. На кислородна поддршка се 29 пациенти. Испишани се четири пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 86 пациенти,  на Инфективно  одделение се 37 пациенти, на Интерно четири и на Физикално девет, додека во Модуларната болница се  36. Од лежечките пациенти 67 се потврдени позитивни, четворица сомнителни  и 15пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »