Петар Печков
Објавено: недела, 14 февруари 2021
Во велешко седум пациенти се водат како оздравени а ново заразени се шест. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство за денес недела. Во велешко активни се 244 пациенти а досега заразени биле 3.228 лица.
Во велешко како починати од последиците на корона вирусот се водат 107 лица.
Вкупно се хоспитализирани 32 пациенти, од нив на Инфективно одделение се 31 а на Интерно еден. Од лежечките пациенти 28 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и тројца со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се единаесет пациенти. Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |