речник контакт

Окарина

Велешкиот археолог Трајанка Јовчевска пронајде редок примерок на музејски ескпонат стар повеќе од шест илјади години, кој има непроценлива вредност.

Петар Печков

Велешкиот археолог Трајанка Јовчевска пронајде редок примерок на музејски ескпонат стар повеќе од шест илјади години, кој има непроценлива вредност. Тој примерок е редок и за светски истражувања.
 \"\"

Станува збор за глинена флејта - окарина, мал глинен сад откриен при археолошките истражувања во археолошкиот локалитет Мрамор, во дел кој бил преоран со механизација.

Предметот е изработен од пречистена црвена глина со нерамномерна боја, која на одредени места е потемнета како резултат на горење. Има неправилна топчеста  односно елипсовидна форма со дијаметар од 4,7 см и е со шуплива внатрешност. На површината нема декоративни елементи, но има три перфорации со различен пречник од 0,4 до 0,6 см распоредени како темиња на триаголник. Отворот на врвот од замислениот триаголник е нешто поголем. Од извршената експертиза се покажа дека археолошкиот наод е топчеста флејта - окарина.

Не може точно временски да се одреди од кога потекнува, но бидејќи е најдена на неолитска населба која датира од 5000 до 4000 пред нашата ера, временски се зема овој период како датирање на наодот.

Во прилог на ова е што предметот нема декоративни елементи, што е типично за постарите фази на неолит додека во помладите фази предметите биле декорирани.

\"\"

Најсроден инструмент, сличен на окарината најден во велешко, има во Кина. Локалитетот Мрамор каде е пронајдена окарината е непосредно до населбата Чашка на 15-тина км од Велес.

Овој предмет ќе послужи за расветлување на мистеријата на музиката и танцот, како дел од животот на неолитскиот човек, како живеењето на поширокиот Балкански простор.

Предметот е пронајден пред една година, но неговата промоција следи подоцна, со цел да биде заштитен од искористување од дивите копачи. Се чува во сеф, на непознато место, од несакани посетители или кражба. 
\"\"

Драган Даутовски за окарината вели дека уште пред 5 илјади години нејзиниот автор знаел што прави, одлично го обликувал за да создаде звук. Ова е прилог за тоа дека човекот имал желба за музика од дамнина.

Како свири овој инструмент од видео записот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »