Петар Печков
Објавено: среда, 30 септември 2026
Месец октомври за велешки театар започнува на 8-ми четврток со премиерата на претставата „Ние двајцата и Алојз“ во режија на Деан Дамјановски, работена според драмата на Космин Станила „Сите нешта кои ми ги зеде Алојз“. Со оваа претстава актерката Слободанка Чичевска одбележува јубилеј – 45 години професионално актерско појавување и 40 години од нејзиното официјално вработување во велешкиот театар. Во претставата покрај Чичевска играат и првенецот на Велешки театар Васил Зафирчев и Филип Христовски. Претставата ќе биде одиграна и на 13 октомври -вторник и на 21 октомври среда.
На сцената се враќа обновената детска претстава „Мачорот во чизми“ која ќе се одигра на 9-ти октомври -петок на детскиот театарски фестивал „Малиот принц“ во Штип.
На 14 октомври среда е „Мало невино убиство“, на 16-ти петок и 28-ми среда е комедијата „Тестостерон“ а 27-ми вторник исто така комедијата „Вечера за глупаци“. На 22 октомври, четврток е црната комедија „Нона“ која на почетокот на септември ја имаше премиерата. За крај на октомври, 29 четврток е култната „Синиот портокал“ која на сцената е осум години со повеќе од сто претстави.
Овој месец, октовмри велешки театар има повеќе гостувања за што пишуваше ТрМр. На 2-ри октомври е во Тетово на меѓународен театарски фестивал со „Вечера за глупаци“, истата ќе се одигра и во Виница на фестивалот „Во Виница е вистината“ на 10 октомври, и во Прилеп на 15 октовмри -четврток.
| Tweet |




