Петар Печков
Објавено: петок, 17 јуни 2011
Кога последен пат како пешак ве пропшуштиле на пешачки премин?
Колку пати сте виделе сообраќаец да си прави муабет со сопственик на возило кое е непрописно паркирано а ништо не се презема?
Колку пати сте виделе автомобил паркиран среде улица,додека сопственикот си пазари во гранапчето или плаќа заостаната сметка во банка?
И последното прашање, постои ли во Велес собраќајна полиција и работи ли таа нешпто?
Ова се прашањата кои велешани си ги поставуваат откако на дело се гледа сообраќајниот хаос во градот.
И низ следнтеи фотографии се потврдува секојдневната состојба по велешките тротоари. Нема да не изненади ако за некој ден на тротоарите никне некоја гаража, а потоа сопственикот да бара нејзина легализација,согласно постојниот Закон. Се е можно.
Tweet |