Петар Печков
Објавено: сабота, 19 ноември 2011
Овие фотографии ги испрати посетител на ТРМР. Тој реагира на узурпираниот простор на тротоарите, место каде се движат пешаците. Вели дека откако полицијата ги истера автомобилите од тротоарите, сега тие се окупирани од пиљарите.
И прашува дали има комунален испектор во градов, кој ќе преземе мерки за овие тезги, кои се на поголема површина отколку што им е дадена од локалните власти. На прашањето дали има комунален инспектор, одговорот е да, само прашање е колку тој работи.
Tweet |