Петар Печков
Објавено: петок, 18 мај 2018
Вчеравечер во Ликовниот салон велешката авторка Олга Новачева ги промовираше двете нејзини книги, првата е биографската ,,Тивките молњи на Перун,, а вторате е збирката поезија ,,Да се биде,,. Пред бројните нејзини блиски, пријатели, колешки и литературни дејци од градот, делата кои одамна и биле создадени, сега беа претставени во печатена форма.
,,Тивките молњи на Перун,, е напишана пред 20 години а е објавена во февруари месец годинава. Карактеристично е што е пишувана како дневник со автобиографски податоци, настани во кои учествуваат и велешани. Втората книга е поезија објавена сега, во мај каде јас ги сублимирав старите и новите песни. Имам доста време, имам материјал кој треба да се среди. Драго ми е што две книги наеднаш се појавија а чекаа долго време. Инспирација е животот, нашето лично искуство, однесување . Претходната кнгиа ми беше од антиката сега е Византија и Среден век и ќе се видиме до крајот на годината сигурно - рече авторката Новачева.
Таа има создадено збирка афоризми, две збирки поезија, па есеи, книга со историска тематика или вкупно девет книги. ,,Тивките молњи на Перун,, рече дека е посветена на нејизниот учител Ѓорги Бисерков Дампе. Книгите ги промовираа Нада Алековска и Веле Алековски.
Нејзината стихозбирка ,,Да се биде,, побудува силна порака да не има, како да дадеме се од себе да опстоиме. Таа во книгата си го откорнала срцето и е на дофат на сите. Љубовта и себе давањето се присутни секаде, тие течат како надојдена река. Во еден дел до стихозбирката поместени се песни кои извираат од најинтимниот дел на душата. Оваа книги го исполнува срцето со топли и со полни љубов чувства за татковината Македонија и Македонскиот народ - рече Алексовска.
Во ,,Тивките молњи на Перун,, авторката во вид на дневик пренесува нејзини случувања, настани од секојдневието, животот, нејзин на нејзините блиски. Пренесува нераскажани моменти од нејзиното постоеоње, неисчитани афери. Ако чекаме некого минутите можат да бидат и часови, или обратно годината може да биде ден. Преку оваа нејзина книга таа сака да ја дофати вистината - кажа Алексовски.
Tweet |