речник контакт

Олеснителните околности според Апелација, му ја преполовија казната затвор на возачот Николов кој во пијана состојба, возејќи брзо и на пешачки премин прегази 11 годишно девојче

Разликата во двете пресуди Апелација и Основен суд од 10 години, предизвика силни реакции во јавноста

Петар Печков

После еден месец откако на 10 јули  е изречена пресудата на Апелација Скопје, во случајот со возачот Ангелче Николов, таа денес, 8 август, е објавена на веб страната на судот.

Николов на 17 декември лани на пешачки премин со автомобил кој тој го управувал, во пијана состојба, возел два пати побрзо од дозволеното со 68 км/ч наместо дозволените 30 км/ч, ја прегази 11 годишната Магдалена Иванова а ја повреди нејзината мајка. Згора на тоа во моментите кога го управувал „мерцедесот“ Николов имал забрана за управување со автомобил. По сообраќајката Николов побегна и се криеше 37 часа.   

Вчера од Основен суд Велес објавија дека затворската казна  е намалена од првостепената 18 години, изречена  во овој суд од петочлениот кривичен совет со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова,  на осум години досудени во Апелација .Оваа разлика во двете пресуди предизвика силни реакции во јавноста.  Пресудата од 8 години затвор е правосилна.  Неа ја изрекоа м-р Ѓоко Ристов, претседател на советот, м-р Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи, членови на советот. 

Судиите  процениле при изрекувањето на казната со  првостепената пресуда, во недоволна мерка биле земени во предвид олеснувачките  околности. Тие  се  поврзани со личните семејните и материјалните прилики на обвинетиот, пред дев години го загубил братот во сообраќајка, дека е млад човек, неженет, фактот дека досега бил неосудуван и постапка за друго кривично дело не се водело, придонесот на обвинетиот за ефикасно завршување на кривичната постапка изразена преку признанието на вина за кривичните дела за кое се товари,  изразеното каење, даденото ветување дека нема да го повтори тоа што го сторил, подготвеноста да го промени личниот статус и да се вклучи во нормалните текови на здравото општествено живеење. 

Поради овие моменти, Апелација Скопје  изрекува  поблага казна затвор односно ја преполовува на единствена казна затвор во траење од 8-осум години. 

Или  за кривичното дело  „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“,на обвинетиот Николов  му е изречена  казна затвор во траење од седум години и шест месеци, наместо првостепените 17 години и шест месеци  а за кривично дело „Не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, истата  казна затвор со првостепената пресуда, од една година.

Или Апелациониот суд од Скопје, за двете кривични дела му се изрекува единствена казна затвор во траење од осум  години.

При изрекувањето на првостепената пресуда на Основен суд Велес, претседателката на петчлениот кривичен совет, судијата Габриела Гајдова кажа:

„Обвинетиот по сторувањето на делото  безобѕирно го напуштил местото на настанот, и не се обидел да ги поправи  штетните последици предизвикани од негови дејствија. Се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случил со оштетените. Претходно два пати е осудуван за сообраќаен прекршок при што му се  изрекувани забрани за управување на возило, што укажува дека се работи за лице со ниско ниво на сообраќајна култура, не почитува сообраќајни пропусти и изречените казни не влијаеле на него. Изреченото признание  судот го зема како придонес за побрзо завршување на постапката. Судот не се стекна со впечаток дека кај обвинетиот има искрено каење и жалење за стореното. Олеснителни околности се дека не е кривично осудуван, дека е безимотен, што  сам се предал по  37 часа  од сторувањето на сообраќајката“ - кажа Гајдова, образлагајќи ја пресудата.  

И Апелација Скопје и Основен суд Велес имаат иста одлука, казна- забрана на управување со моторно возило од „Б" категорија во траење од пет години,  со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење.

Апелација смета дека  изречената единствена казна од 8 години затвор е во согласност со воспоставената судска пракса при одмерувањето на ваков вид казни за овие кривични дела и е адекватен одговор на преземените противправни дејствија на обвинетиот. 

Највисока казна изречена за сообраќајка во Македонија е на Основен суд Штип, во висина од 10 години затвор, во која починаа три лица, во која осуден беше велешанец,  потврдена од Апелација  Штип, во  февруари 2020  година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »