Петар Печков
Објавено: среда, 02 април 2014
На Изборно собрание Адвокатската заедница од Велес го избра адвокатот Оливер Гашев за нов претседател со четири годишен мандат. Избрани се и шесте делегати кои ќе ги претставуваат 60-те колеги на Собранието на Адвокатската комора на Македонија, освен претседателот Гашев избрани се Ристе Каров, Коста Нојков, Трајче Наумов, Андреја Радиновски, и Петре Георгиевски.
Tweet |