Петар Печков
Објавено: петок, 17 јуни 2022
Адвокатската комора на Република Северна Македонија го одржа 67-то годишно Собрание на Комората.
Во рамки на Собранието беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше избран адвокатот Љубомир Михајловски.Tој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората.
Избран е и новиот Управен одбор од 16 члена а меѓу нив е и велешкиот адвокат Оливер Гашев.
За член на Жалбениот совет беше избран адвокатот Коста Нојков од Велес
Tweet |