Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јули 2013
Управниот одбор на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, донесе одлука овогодинешното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ да им се додели на г. Оливер Ромевски.
Меѓу останатите свои ангажмани, тој е повекегодишен стрип работник што го искажува како
автор и сценарист на стрип серијал- ЕКО СТРИП-СКОПЈЕ ЗЕЛЕН ГРАД(30 табли-весник Вест 2003)потоа
автор-сценарист на 10 стрип албума:Ел Македонеро(1 албум)(46 табли), Супер Тоше(7 броја)(300 табли) и Ловец на Души(2 албума)(92 табли) .
Главен продуцент на стрип-албумот АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ-ЛАВОТ ОД МАКЕДОН 2013.
Досегашни лауреати на ова признание, наречено по прерано починатиот бард на македонскиот стрип се: Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков, групацијата „Тајфа арт“, Томислав Османли, Дарко Марковиќ, Иванка Апостолова, Киро Донев и редакцијата „Детска радост“.
Истото признание како и досега, ќе се додели за време на одржувањето на 10 тиот Меѓународен салон на стрип „Велес 2013“(средината на месец октомври)
Tweet |