речник контакт

Олимписките тетоважи хит во Лондон

Лондон овие денови е преплавен со тетоважи бидејќи на натпреварите во градот учесниците на Олимписките игри едноставно се натпреваруваат со тетоважите на мускулестите тела.

Петар Печков

Тетоважите на познатото олимписко лого со пет испреплетени кругови, не се резервирани само за врвните спортисти. Посветеноста на олимпискиот дух ги инспирираше и многу аматери, учесници на церемонијата на отворањето и туристи, за да ги истетовираат своите тела.
Олимписките тетоважи не се само хит во Лондон. Илјадници километри далеку во Чикаго, писателката Арика Каоса планира да истетовира олимписки кругови на глуждот на левата нога.

- Ми се допаѓаат боите на прстените бидејќи тие ги претставуваат боите на сите национални тимови кои биле меѓу првите учесници на почетоците на Олимпијадите - рече оваа 25 годишна девојка. - Ќе ја искористам тетоважата како позитивна мотивација да се вратам во кондиција - изјавила Каоса која рекреативно игра тенис.

Во градот домаќин на ОИ, салоните за тетовирање се преполни со спортисти и со обичен свет кој сака тетоважа со олимписки кругови и многумина се надеваат дека токму во нивниот салон за тетовирање ќе влезе американската пливачка Миси Френклин, која веќе освои четири златни и еден бронзен медал и која најави дека по завршувањето на ОИ ќе направи тетоважа со олимписките кругови.

Многу спортисти своите успеси ги овековечуваат на телото, а тетоважите со круговите толку се раширени што тие што не се тетовирани делуваат како малцинство.

Тетоважите најмногу се гледаат на пливачите, Мајкл Фелпс има кругови на колкот, а Американците Рајан Лохти и Метју Греверс на бицепсите. Британскиот скокач Николас Робинсон-Бејкер има тетоважа на градите, додека Канаѓанецот Брент Хајден има голема тетоважа со кругови на торзото и на рацете, како и јаворов лист на грбот.

Британскиот гимнастичар Луси Смит има текст - Ќе го добијам заслуженото - на својот грб, како и крст со крила и два големи ангела. На телата на спортистите овие денови забележани се тетоважи на пеперутки, мамути, цели ракави, библиски цитати, крстови и рози.

Но, обичните олимписки кругови се најпопуларен избор за туристите и фановите кои сакаат траен сувенир од патувањето.

- Најмногу тоа го бараат Американците, во градот сега има многу Американци - вели тату мајсторот Дерил Гејтс. - Пред неколку години групата Лед Цепелин свиреше и во текот на тие две недели правевме само Лед Цепелин тетоважи. Така е и сега - додаде тој.

Навивачите од британскиот тим пак бараат нешто попатриотско.

- Го направивме логото на тимот на Велика Британија на двајца спортисти кои дојдоа првиот ден на ОИ - рече тату мајсторот Скот Мекларен алудирајќи на стилизираната глава на лав со бои на британското знаме.

Тие кои планираат да истетовираат олимписка тетоважа сепак треба да се држат до едноставен дизајн. Една Американка избрала многу раскошна тетоважа и сега лондонските ОИ ќе ги памти - од погрешни причини.

Џери Петерсон сакала да го овековечи моментот кога го носела олимпискиот факел но нејзиниот тату мајстор погрешно ги напишал буквите наместо olympic на нејзиното тело стои oylmpic.

- Кога видов многу се разочарав. Потоа го повикав сопругот, а тој ми се изнасмеа, сега и јас почнав да се смеам на тоа - рече Петерсон која факелот го носеше низ англискиот град Дерби.

 текстот е преземен од Танјуг - Белград

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »