Петар Печков
Објавено: сабота, 07 април 2012
Надежите дека некоја македонска селекција ќе учествува на Олимписките игри во Лондон во 2/3 се урнаа. Ватерполистите во директниот дуел со Шпанија загубија со 11:7 и останаа без виза.
Подоцна во текот на денот со вториот пораз во квалификациите од Шведска, откако претходно загубија и од Унгарија, Кирил Лазаров со другарите останаа на прагот од ОИ во Лондон, но не го минаа.
Останаа надежите дека Бо со неговите колеги во јули во Венецуела ќе успеат да ја заверат олимписката виза. Така се разурнааа оптимистичките надежи дека Македонија ќе има 150 учесници во Лондон, иако досега ниту еден спортист нема обебедено сигурно учество.
Сепак благодарност за и тоа што тука дотуркаа и ракометарите и ватерполистите, не радуваа на победите а поразите се дел од играта.
Tweet |