речник контакт

Оловото од велешката почва се чисти, кадмиумот тешко

Објавени резултатите од деконтаминација на почва близу Топилница со маслодајна репка

Петар Печков

Потребно е да се започне со чистење на  велешката почва,  која е високо  загадена со тешки метали. И покрај тоа што Топилницата не работи 14 години, резултатите од нејзината работа  велешани уште ги чувствуваат.  Екологистите од ЕД ,,Вила зора,, измината година работеа на опит за деконтаминација на почвата. Резултатите покажуваат дека оловото може  да се апсорбира, кадмиумот тешко.  

Површина каде е изведена пробата е  на 1 ха близу Топилница, каде  има највисока загаденост на почвата со тешки метали- олово, цинк и кадмиум, таму  била засадена маслодајна репка.  Извршена е анализа на добиените вредности за периодот , 2010 кога мерење извел проф. Трајче Стафилов, лани пред засејувањето   и за оваа 2017-та година. Анализите се правени во референтна лабораторија  а тоа е атомската лабораторија на Центарот за јавно  здравје Велес .  

По деконтаминацијата споредбено со 2010  и 2016-та, вредностите на  олово се далеку под резултатите  од пред 7 години  и ланските. За една година концентрациите на оловото  се во границите за живеење под интервентната вредност, на цинкот над интервентна но тој не е така опасен по здравјето. За намалување на вредности, површината  ќе требат три години да се деконтаминира.  Цинкот потешко се апсорбира, сепак дава надеж дека може да се исчисти. Но проблемот го создава кадмиумот. Кадмиумот е со енормни високи концентрации во тестираното растение и во почвата. Резултатите покажуваат дека стеблата на растенијата се со такви вредности на тешки метали,  што не смеат да се користат за  никаква намена – вели Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила  Зора.        

Присуство на тешки метали во почвата во 2010-та,  пред деконтаминацијата во јуни 2016-та и по деконтаминација во август годинава   

Оловото 2010/2106/2107  - 560/ 620/370

Цинк 2010/2016/2017          600/1300/1212

Или оловото  годинава го имало помалку  за 40,5 %   до 20 цм длабочина и 43,1% под 20 цм. Поради енормно високите вредности на  кадмиум не може да се утврди која е долна која е горна граница на присуство на кадмиум  

Потребни се три години работа за да делумно се исчисти велешката почва, потребно е државата да помогне. Доставени се писма до три министерства за вклучување на државата во деконтаминацијата на почвата, таа е е одговорна  и треба да помогне.  За надминување на  состојбата потребно е вклучување на Министерството за животна средина, земјоделие, здравство . Правење на  заедничка  стратегија за деконтаминација на почвата со точно утврден начин, времетраење, потребни финансии. Не може во центарот на градот, во градинките да се сади маслодајна репка, но може да се промени почвата и да се садат рози – вели Коциќ.   

Додава дека за овие 10-тина години, извршена е само промена на ДУП за намената на земјиштето, но ништо друго не е преземено. И покрај тоа што Топилница е затворена, таа загадува преку депонијата за троска. За овој проблем велешките екологисти ги запознаа и државните институции.  Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, најави дека една од првите мерки која е планирана ќе биде донесување на соодветен Закон.  

Ќе донесеме Закон за почвите, оти таков не постои. Со него системски   ќе се реши проблемот, не само во Велес туку и за сите црни еко точки во Македонија – изјави Макрадули.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »