Петар Печков
Објавено: петок, 25 март 2011
Денес општината ја огреа сонце од детски насмевки , велат од локалната самоуправа. Дошле осумдесетина ученици од четврто одделение од ООУ ,,Блаже Конески“ кои го изучуваат предметот Запознавање со општеството. Со своите наставнички дојдоа да видат и да се запознаат со работата на Градоначалникот, Советот на општината и воопшто со работата во општината.
Детската радозналост немала крај.Поставиле многу прашања до градоначалникот, кога му е приемен ден, што работи, како функционира Советот на општината, колку жители има општината, колку мажи колку жени, за химната , за грбот на општината, за маскотата , за заштитниот знак, за симболот на општината,разговараа за спортот, за на крајот со песна да пренесат порака за мир , радост и среќа.
Tweet |