речник контакт

Опасни потфати на велешанецот Борче Јовановски

Со алпинизам заработува за живот

Петар Печков

Желбата на велешкиот алпинист Борче Јовчевски за јуриш на Монт Еверест останува, иако по неуспешниот обид да го освои највисокиот врв на светов, се занимава со поинакво совладување опасни височини. Тој последниве години алпинистичките вештини ги користи за извршување специјални задачи, интервенции врз високи фабрички објекти. Тој во далечната 1989 година беше на прагот да го освои Монт Еверест, а подоцна почна со не помалку опасно занимање.

- Работам на санација на високи објекти, згради, оџаци, разладни кули и друго. Овие висински работи ги извршувам со помош на алпинистичката техника, која добро ја познавам и ја имам совладано - вели 49-годишниот Јовчевски. За него оваа работа е секојдневие, но опасноста, како што вели, зависи од случај во случај. Тој во изминатите десет години, откако заминал од згаснатата Фабрика за порцелан, бил принуден своето познавање на алпинизмот да го применува за заработувачка за живот. Јовчевски вели дека случајно запловил во специјалните висински работи, бидејќи го повикале негови познати, кои знаеле дека е алпинист и дека знае да работи со јажиња. Највисокиот објект на кој досега работел се разладните кули на РЕК „Битола“, високи 250 метри, а слични задачи извршувал и во Украина и во Чешка.  

\"\"

- Не сум сам. Во земјава сме неколкумина што ја работиме оваа опасна работа. Но, сепак има повеќе фирми што имаат вакви потреби отколку што не има нас - вели Јовчевски. Сега тој има се помалку време за алпинизам, но не се откажува од желбата да се качи на покривот на светот. Се уште во мислите му е тој 10 мај во 1989 година, кога останал во последниот базен логор на над 8 илјади метри надморска височина, додека неговите колеги се искачуваа на Монт Еверес. Тој бил во експедицијата во која бил и првиот Македонец што се искачи на Монт Еверест, Димитар Илиевски-Мурато, но кој, за жал, не успеа да слезе меѓу другарите и да го прослави успехот. Мурато засекогаш остана во белото царство, кое успеа да го освои.

- Планината останува таму. Повторно ќе најдам време за да се искачам. Имам желба, но нема услови, конкретно нема доволно пари. Ако тогаш се искачев, ќе ми замрзнеа нозете и повеќе немаше да се качувам ни на планините, ниту на кое било друго место - ги објаснува Јовчевски причините за откажувањето на највисокиот врв. Тој вели дека тоа што тогаш го доживеал, на 8 илјади метри височина, е неописливо.

- Тоа е исто како да слушаш музика од радио, цеде или, пак да ја следиш додека се изведува во живо со музичари. Тоа се прима на друг начин. Горе човек се чувствува како на друга планета, таму сонцето не грее исто. Таму си како во вселената - се присетува Јовчевски за атмосферата во подножјето на највисокиот врв во светот.И додека во мислите му е Монт Еверест или, пак, многуте други планински врвови што ги има освоено Андите во Јужна Америка, Алпите во Европа, Хималаите во Азија, Јовчевски за опстанок мора да се искачува по не помалку опасните високи објекти, згради, оџаци, во земјава, но и во странство.

- Горе човек се чувствува како на друга планета, таму сонцето не грее исто. Таму си како во вселената - се присетува Јовчевски за атмосферата во подножјето на највисокиот врв во светот.И додека во мислите му е Монт Еверест или многубројните други планински врвови што ги има освоено Андите во Јужна Америка, Алпите Европа, Хималаите во Азија, Јовчевски за опстанок мора да се искачува по не помалку опасните високи објекти, згради, оџаци, во земјава но и во странство.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »