Петар Печков
Објавено: петок, 23 мај 2008
Опасни шумски штетници ја напаѓаат шумата во велешката околина. Поради нивното брзо размножување тие се закана по големиот фонд на зимзелени дрвја.
- Боровата осица и боровиот четник, само околу езерото Младост зафатија површина од околу 60 хектари шума. Тие се во четврти претпоследен стадиум на развој, по кој преминуваат во гасеница и можат да направат ненадомесливи штети на овој рекреативен појас околу градот – посочуваат шумските стручни лица.
Според нив, овие штетници ги брстат иглите на дрвјата и го успоруваат развојот на дрвјата кои потоа за некоја година ќе се исушат и изумрат. Посебно е лоша состојбата во велешкиот регион, кој има мали површини со шума, кој по ова би биле десеткувани.
Стручњаците потсетуват дека исто како и пожарите, така и овие штетници ја уништуваат шумата. Затоа тие бараат итна акција од надлежните во Министерството за земјоделие и шумарство, но и од граѓанскиот „еко“ сектор кој би помогнал во уништување на боровата осица и боровиот четник.

Tweet |