речник контакт

Опасниот отпад од велешка Крзнара се транспортира во Австрија, нема повеќе да се чува во кругот на фабриката

Дозволата е издадена за извоз на 50 тони опасен отпад, чиј еден дел се однесе, вториот до крајот на годинава

Петар Печков

Крзнарата „Димко Митрев“ од Велес  започна со извоз на опасниот отпад, кој повеќе нема да биде складиран во кругот на фабриката. За да добие„ Б“ Интегрирана дозвола, Крзнарата имаше обврска опасниот отпад да го собира во пластични танкови и да го складира на локацијата се до неговото предавање.

Менаџментот на фабриката  обезбеди документација и дозволи за прекугранично отстранување на опасниот отпад  во Австрија, како крајна дестинација каде ќе се одлага а  се транспортира преку Србија, Хрватска и  Словенија.

„На 26 март годинава, се извезе првата количина опасен отпад од 21,5 тон кој се создава од обезмастување на кожите и истиот содржи растворувач прехлоретилен. Документите се комплетирани во согласност со регулативата на Европскиот парламент и Европскиот совет за испорака на отпад, Националниот закон за ратификација на Базелската конвенција за контрола и прекугранично движење на отпадот и Законот за управување со отпад. Дозволата е издадена за извоз на 50 тони опасен отпад, или  до крајот на годината ќе се извезе уште една количина од опасниот отпад“- соопштија од  велешката Крзнара.

Таа без малку целото нејзино производство на крзнени производи го извезува во Скандинавија и опстана како една од малкуте активни фабрики за преработка на крзно на Балканот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »