Петар Печков
Објавено: четврток, 02 април 2020
СВР Велес соопшти дека во текот на изминатиот ден во општината имало 57 лица во самоизолација,за кои СВР Велес добило обврска да ги контролира, дали ја почитуваат наредба да бидат дома, во карантин. Најмногу во велешко во самоизолација имаше изминатиот викенд кога беа 129 лица. Вчера имаше 86.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додески информираше дека ноќеска две лица од Велес не го почитувале полицискиот час, поради што биле уапсени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |