Петар Печков
Објавено: петок, 04 март 2022
И денес во велешко регистрирани се повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19. Изминатите 24 часа 22 нови случаи на лица со корона вирусот а оздравени се 25 пациенти, соопштија од Министерството за здравство.
Бројот на активни случаи во велешко се симна на 122. Со оваа бројка Велес и натаму е на петтото место според бројот на активни случаи во земјава, по Скопје, Битола, Прилеп и Куманово.
Во велешка болница починаа две лица, пациенти на Инфективно одделение, жена од Градско на 91 година и маж од Чашка на 82 години. Со ова бројот на починати во велешко, од последиците на корона вирусот е 311 лица.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 19 пациенти, еден помалку од вчера . Hа Инфективно се хоспитализирани 16, на Интерно тројца. По еден ново примен пациент и еден испишан со еден негативен тест.
„Потврдено позитивни се 15, непотврдени се тројца и негативен е еден пациент но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се седум пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес
Tweet |