Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 јуни 2023
Велешката оперска певица од вечерва, понеделник започнува со серија летни концерти и настапи.
Првиот е предвиден за Штип, каде во 19,30 ч. има концерт во Уметничка галерија Безистен. На 14 јули ќе настапи во рамките на Скопско лето. На овде два концерти е во пијано придружба на пијанистката проф. м-р Дилек Реџеп. Ќе бидат изведувани дела од пред класика па се до современост, како што се Хендел, Моцарт, Маскањи, Гершвин и др.
Во септември Караколева им два настапи во странство. Ha 7 и 8 Септември турнеа во Враца и Плевен, Бугарија. Заедно со оркестарот на Враца под диригентска палка на Маестро Никола Петров. На 23 Септември за време на фестивалот "Concerti del Tempieto - Festival Musicale delle Nazioni" концерт ќе има во Рим.
Tweet |