Петар Печков
Објавено: среда, 27 септември 2023
Патничко возило со велешки регистарски таблички е опожарено, на паркингот кај Ликовниот салон, во текот на вчерашниот ден, информираа од Територијалната против пожарна единица Велес. Нивна екипа излегла на терен по добиен повик и го локализирала огнот, но и спречила поголема штета, кон соседните возила.
„На 26.09.2023 во 16,45 ч добиен е повик за запалено патничко моторно возило на ул. Алексо Демниевски кај Ликовниот салон. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно против пожарно возило и тројца пожарникари- спасители. По пристигнувањето на лице место превземени се сите соодветни мерки за догасување на возилото и спречување пожарот да направи поголема штета“ - соопштија од ТППЕ Велес.
фото ТППЕ Велес
Tweet |