Петар Печков
Објавено: вторник, 11 август 2020
Денес претпладнево, на паркингот пред Општа Болница Велес опожарен е автомобил марка „матиз“. Според сведоците тоа се случило околу 9,20ч. додека автомобилот бил во движење а возачот излегол навремено. Опожарен е предниот дел од колата.
Прв на помош притекнал вработениот од влезот на Болницата, кој повикал и пожарна. Иако биле на терен во Превалец, една екипа од ТППЕ дошла на местото од пожарот.
Наша екипа е повикана поради пожар на автомобил кој бил во кругот на Болницата. Четворица пожарникари и едно возило учествуваа во гаснењето на огнот. Тие го локализираа на време и ќе беше голема опасност ако огнот ја зафатеше боцата со плин од автомобилот- изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.
Возачот, воедно и сопственик на возилото, кое не било такси, немал повреди освен силната вознемиреност и стрес што го доживеал.
Tweet |