Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 октомври 2010
Огнот го зафатил иконостасот во 15,30 часот па жителите веднаш започнале да го гаснат а се придружило и едно протипожарно возило од Велес, и огнот е изгаснат по еден час.
При ова изгорел дел од иконостасот со површина од 20 метри квадратни, неколку икони 3 големи и 5 мали и дел од таванската ламперија.
Жителите се сомневаат дека причината за пожарот е некоја заостаната неизгасната свеќа од утринската литургија или неисправна инсталација.
Црквата Св. Атанасиј е изградена во 1837 година, кога е поставен и иконостасот.
Tweet |