Петар Печков
Објавено: сабота, 09 декември 2023
Петокот на пладне, во месноста Кула, на автопатот Велс - Скопје опожарено било патничко возило. Огнот го локализирала екипа на ТППЕ -Велес.
„На 07.12.2023 година, во 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопат А1 во правец Велес – Скопје, кај место викано „Пуста кула“ настанал пожар во патничко возило во движење „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.В.(31) од Велес“.
Интервенирала територијална противпожарна единица од Велес, која го локализирала огнот а повредени лица нема. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот.
фото ТППЕ ВЕЛЕС
Tweet |