Петар Печков
Објавено: вторник, 17 октомври 2023
Неделата претпладне се запалил стан во новиот дел на градот, близу ОУ Васил Главинов. Пожарникарите интервенирале, огнот го изгаснале и не дозволиле пожарот да се прошири во зградата.
„На 15. октомври во 09:51 примена е дојава за запален стан на Ул. Христо Татарчев бр. 27 . ТППЕ Велес излезе на лице место со две против пожарни возила и четворица пожарникари спасители. Со брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири на соседните станови“ - соопштија од ТППЕ Велес.
Од противпожарната единица апелираат до граѓаните штом ќе забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.
фото ФБ/ТППЕ Велес
Tweet |