Петар Печков
Објавено: петок, 10 јули 2015
Ноќта помеѓу четврток и петок во Младинскиот парк се опожарени две од неодамна посадените палми. Според полициајта насатанот се случил околу 3 часот по полноќ а била повикана и противпожарната единица за да го изгаси огнот.
Од СВР Велес најавуаат дека работат на ожткривање на сторителот(ите) . Палмите кои се опожарени се во Младинскиот парк и се дел од 47 -те посадените пролетва во Велес. Една влакнеста палма е вредна 500 евра.
Ова не е прв случај, перд некое време беше опожарена палма исто така од Младинскиот. Полицијата го откри сторителот, станува збор за малолетник 15 годишно дете, против кое е поднесена кривична пријава.Тоа објаснило дека палмата ја потпалило од радозналост.
Tweet |