Петар Печков
Објавено: вторник, 14 мај 2024
Вчера доцна навечер, околу 22 часот пред велешка болница имало опожарно возило. Била побарана интервенција на противпожарната единица од Велес.
„По примениот повик едно возило со тројца пожарникари, излегоа на лице место и за кратко време го локализираа огнот“ – соопшти Димче Јованов, командир на против пожарен вод при ТППЕ Велес.
Настанот го потврдија и од СВР Велес, со тоа што сопствениокот на возилото не сакал увид .
„На 13.05.2024 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Велес забрележале дека на паркинг просторот пред Општа болница Велес настанал пожар во паркирано патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Н.П.(67) од Велес. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Сопственикот не се сомнева за причините за настанување на пожарот и се откажал од вршење увид“ – информира Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Tweet |