речник контакт

Опозицијата вели три години власта не презема мерки против загаденоста на воздухот во Велес

Нема промени во загаденоста на воздухот, ниту конкретни мерки за намалување на ПМ честичките во воздухот -вели Славица Трајкова член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на Велес

Петар Печков

ОК На ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција за загадениот воздух кој го дишат велешани.  Членот на Општинскиот комитет на опозициска партија на прес конференција  констатираше дека нема промени во загаденоста на воздухот,   ниту конкретни мерки за намалување на ПМ честичките во воздухот,  а  Велес и велешани се уште се гушат под облакот од магла и чад.

За жал, ниту дождот ниту сонцето не успеа да го исчистат воздухот. Мерната станица и понатаму покажува фрапантни податоци, а загриженоста кај нашите сограѓани е се поголема поради стравот и грижата за сопственото и здравјето на нашите деца. Господине Коцевски,

Крајно време е да покажете заинтересираност и грижа за граѓаните на кои сте им градски татко! Време е да се занимавате со решавање на проблемот кој не револтира и ги зголемува напнатоста и стресот кај велешани. Оставете ја вашата агенда за лична промоција и предизборен маркетинг. Велешани сакаат да дишат чист воздух! Господине Коциќ,

Се сеќавате ли како обвинувавте од позиција на опозиција и какви театарски претстави и перформанси правевте од аерозагадувањето? Се сеќавате ли на вашите ветувања дека проблемот со загадувањето на воздухот ќе биде ваш приоритет и дека ќе им овозможите чист воздух на граѓаните? Трета година по ред од преземањето на локалната власт Вие не покажувате ниту желба ниту интерес за конкретно решавање на проблемот со аерозагадувањето и намалувањето на концентрацијата на ПМ честичките во воздухот!

Во воздухот во Велес има присуство на токсични материи и хемикалии и тоа во количество што претставува ризик за здравјето. Борбата против загадувањето е комбинација од технолошки решенија, закони и регулации. Што ќе направите вие како локални власти за да влијаете на загадувањето и да го подобрите квалитетот на воздухот кој го дишеме во Велес - кажа на прес конференција Славица Трајкова, член на  ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »