речник контакт

Опремување на детска соба при хирургија

Акција на Жито Лукс за велешките болни деца

Петар Печков

 Започна  формирањето на детската соба во хируршкиот оддел на велешката Општа болница. Денес беше донесени  првиот дел од донацијата, тоа се  четири кревети подарок од Жито Лукс, а се изработени во велешки ,,Брако,,. Оваа акција ја спроведува скопски Жито Лукс, кој од секој продаден леб во велешко одвојува 2 денарим за опремување на оваа соба.

Проектот се работи заедно со Здружението на родители за грижа за здраво поколение и ќе трае до 15-ти декември. Оваа детска соба на Хирургија, Жито Лукс ќе ја опреми со  телевизор, фрижидер, клима уред, постелнина, маса и столчиња, детски апликации, и од медицинската опрема инхалатори и аспиратори.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »