Петар Печков
Објавено: среда, 24 ноември 2021
За една седмица осетно скокна опфатот на жителите од велешко, кои се вакцинирале како заштита од ковид-19. Ако до 14-ти ноември тој беше 47,3 на 21-ви ноември бил 53,2%. Oва се бројки кои ги објави Институтот за јавно здравје.
Податоците освен за општина Велес се и за соседните Градско и Чашка, но и дел од жителите на Лозово се вакцинираат во Велес.
Иако имаат можност да се вакцинираат и деца на возраст од 12 и повеќе години, интересот кај нив и нинвите родители е скормен и скоро незабелжителен.
За потсетување од почетокот на ноември во опфатот се внесени податоци за лица на 12 годишна возраст и повеќе, откако претходно се евидентираа вакцинирани +18 години.
Најмногу вакцинирани има во Неготино и Кавадарци со 60,8 и 59,9%, Охрид 60,0 па Гевгелија со 58,1 отсто.
Од поголемите градови состојба е следна: Скопје 43,4, Битола 53,8, Куманово 34,3 Кочани 39,9 , Струмица 31,3, Тетово 39,6 Штип 49,7 Прилеп 47,3, Гостивар 31,8 Струга 40,9 Затоа пак во Ресен има опфат од 56,9 отсто, Берово 54,8 , Валандово 52,3. или на територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е 47 проценти.
Или на територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е 44,1 %
Tweet |