Петар Печков
Објавено: среда, 19 октомври 2022
Општина Велeс бара предлози за највисоките општински признанија. Таа ги објави иницијативите за трите награди.
Комисијата за општествени дејности прибира предлози за доделување на Деветто ноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2022 година.
Исто така и за награда за најстудент „проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“која се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Северна Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство.
Предлозите кои може да ги поднесе секој поединец се доставуваат најдоцна до 24 октомври 2022 година.
Tweet |