Петар Печков
Објавено: сабота, 23 декември 2006
Општина Велес вечерва им ги додели стипендиите на учениците и студентите за учебната 2006/2007 година.
Управниот одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“ по распишаниот конкурс ги одбра студентите Ѓорги Маџаров 5-та година Електротехнички факултет, Десанка Штерјовска 3-та година Економски факултет, Ангел Станоев 2 година Електротехнички факултет и Бошко Велковски 3-та година Економски факултет, според нивниот просек на положени испити да добиваат по две илјади денари во текот деветте месеци од оваа учебна година.
Тројца средношколци добија стипендии во висина од 1.500 денари а тоа се Мите Мијалков од 3-та година при ПСУ Кемал Јахја од Скопје, Сашко Крстевски од Коле Неделковски и Игор Јаневски од Јовче Тесличков двајцата четврта година.
Од локалната самоуправа потсетија дека ова е единствен пример во Македонија со општински буџетски средства да се стимулираат талентирани и надарени ученици и студенти.

Tweet |