Петар Печков
Објавено: четврток, 15 септември 2011
Општина Велес согласно Програмата за социјална заштита и оваа година обезбеди 24 училишни прибори за децата без родителска грижа од oпштината.
Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров училишниот прибор го предаде на претставникот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, од каде понатаму приборот ќе им биде поделен на ученииците.
Училишниот прибор ќе биде поделен на 11 основци до четвртто опдделение, шест прибори до осмо и седум на средношколци.
Општина Велес со средства од буџетот на општината, втора година за овие деца без родителска грижа доделува училиштен прибор.
Tweet |