Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јануари 2024
Општина Велес објави јавен повик за давање под закуп на „Еко-камп со парк на авантури“. Предмет на јавното електронско наддавање е закуп на движни ствари/урбана опрема на „Еко-камп со парк на авантури за деца на дел од езеро „Младост“, сопственост на Општина Велес.
Истиот се издава во закуп во времeтраење од 10(десет) години од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач.
Најповолниот понудувач со кој ќе се склучи договор за закуп на движните ствари е обврзан да го стави во функција „Еко-кампот“, најдоцна до 1 мај 2024 година.
Вкупната почетна цена на месечната закупнина изнесува 133.592 денари без ДДВ, утврдена како 0,5% од проценетата вредност на урбаната опрема.
Објавата трае петнаесет календарски дена почнувајќи од 17.01.2024 година 31.01.2024 година
Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 31.01.2024 година
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на ден 05.02.2024 година и истото ќе започне во 12:00 часот.
Еко паркот меѓу друго има - сервисен блок, рецепција, кујна, санитарии, седум дрвени камп куќички во форма на барик -11 м2 по куќичка со кревети за спиење, летниковец, еко училница, клацкалки, лизгалки, нишалки, игралиште брод од дрво, замок од дрво, патека за паркур, платформа за набљудување на птици, киоск за продавање на сувенири.
Tweet |