речник контакт

Општина Велес продава земјиште за станбени згради и за хотели

Парцелите се во кругот на Касарната и покрај езеро Младост. Почетната цена е 1.680 денари за м2

Петар Печков

Општина Велес објави огласи со кој нуди на продажба  повеќе парцели за изградба на станбени згради и мотели.  Првите се предвидени на просторот од велешката касарна Алексо Демниевски Бауман и на продажба се две парцели од  три илјади и од 800 м2.  Зградите можат да се градат  приземје плус шест ката.   Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели изнесува 1.680 денари од метар квадратен. Наддавањето е закажано за 9-ти јули напладне. 

На продажба се понудени и осум парцели за хотели и мотели покрај езерото Младост. Нивната големина се движи од 800  до 4,8 илјади м2.  И овој простор се продава за почетни 1.680 денари за метар квадратен. Јавното наддавање за парцелите покрај езерото, кои се спроти бродот Панини, е закажано за 8-ми јули.  Тие се продаваа и пред неколку години во два наврати, тогаш преку Министерството за транспорт и врски но немаше интерес.  Причината беше што нема вода за пиење.

Поради ова општина Велес се задолжи кај Светската банка за  42 милиони денари, од кои за водоводот се 21 милион денар и изградбата е во тек. Со него околните населени  делови од езерото ќе добијат квалитетна вода за пиење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »