речник контакт

Општина Велес се откажа од спогодби и на суд се бори против лажните пријави за каснувања од кучиња

Повеќе нема спогодба, туку се оди во судска постапка

Петар Печков

Минатата година локалната власт исплатила безмалку 6 милиони денари за обештетување на граѓаните од каснување на кучиња. И тоа за регистрирани 82 случаи или секој четврти  ден имало по еден граѓанин кој  повел постапка оти бил каснат од куче. Оваа сума е највисока откако започна обештетувањето на граѓаните. 

Од овие пари, четири милиони се исплатени на оштетените  и два милиони на адвокатите. Но анализата на бројките покажува дека лани  4 милиони биле исплатени за првите три месеци, до 8 април, кога е потпишан договор зо осигурителна компанија, со која таа ќе ги исплатува оштетените граѓани. До крајот на 2022 исплатени биле  два милиони денари, а за три месеци годинава 84 илјади денари. Ова го кажа градоначалникот на Велес Марко Колев, во однос на тоа колку средства се издвојуваат од локалниот буџет за оваа намена.

„Во 2021 година три месеци поради изборите, постапките и исплаќањата  кон оштетените граѓани биле стопирани. Кога јас дојдов како градоначалник крајот на октовмри, немаше веќе средства на позицијата за оваа намена. Затоа имаме сериозна исплата на финански средства од општинскиот буџет на почетокот од 2023 за постапки кои биле почнати и во 2021 година. Најголемиот дел од исплатата е случена пред  8 април кога е склучен договорот со осигурителната компанија. По овој датум ,  имаме исплатени едно или две оштетни лица. Повеќе нема спогодба, туку се оди во судска постапка“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

Таму имало случаи кога  добиваат, други кога ги губат  процесите, па продолжуваат на Апелација. Од таму досега немало стигнато  потврда за ниту еден предмет, ниту прифатена ниту одбиена жалба.

Ваквата постапка бил  по насока на осигурителната компанија,за да може кога ќе заврши предметот,таа да ја исплати сумата ако  локалната власт изгуби.

„По судовите се трудиме да докажеме дека дел од тие каснувања се лажни. Така јас како градоначалник се борам со овој проблем. Оти можев да оставам да исплаќаме по спогодба и ќе имавме огромни суми, но решив да се справам со сограѓаните кои лажно пријавуваат.  Истите луѓе се каснувани и во јануари за  обезбедување на огрев и во октомври, за да ја подготват зимницата. Не дека нема каснувања, има.Но голем дел се монтирани“ – рече Колев.

Со договорот помеѓу осигурителната компанија, таа покрива 90 отсто од судски признаеното обештетување а 10 отсто локалната власт. Со обештетувањето преку спогодба од година во година таа сума растела 1,3 милиони во 2018, два милиони следната, во 2021 биле исплатени 4,7 милиони денари. Од нив за оштетените биле 3 милиони а за адвокатите 1,7 милиони.

Во текот на 2022 година во Велешка Болница помош поради каснување од куче пријавиле 74 пациенти а во СВР Велес пријавени биле 122 случаи за град Велес. Од годинава заловување и стручен третман на бездомните кучиња од  Велес,  тендерот на локалната власт  го добила струмичка фирма, откако повеќе години за тоа се грижеше „Пансион Гиовски“ од Велес.  

За надминување на проблемот со кучуњата скутници, на ниво на Вардарски регион  склучен е договор за  изградба на регионален центар за бездомни миленици, кој  ќе се гради во околината на село Глишиќ, Кавадарци. Тој ќе врши нивно  заловувавње, кастрирање, вакцинирање и враќање назад во средината каде живееле.

Од буџетот на општината, советниците изгласаа да се издвојат 520 илјади денари за почеток на  негово функционирање. Советниците оваа одлука ја поддржаа едногласно, со тоа што имаше забелешки  дека со начинот на работа на Центарот, нема  да се намали бројот на бездомни кучиња, оти е предвидено нивно по третманот е предвидено  враќање назад во средината каде живееле.

„Законот не дозволува локалната власт да гради стационар за згрижување  и престој на бездомните животни на подолг период“ - додаде Колев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »