речник контакт

Општина Градско го одбележа Денот на Општината, со одблокирана сметка

Локалната власт додели признанија за сограѓаните кои допринеле за развој на Општината

Петар Печков

Локалната власт  го обележа 16-ти декември, Денот на Општина Градско. Градоначалникот Роберт Бешовски кажа дека негова цел е да се подобри животот на жителите на Општината.

Од оваа година кога Општина Градско повеќе нема долгови, нема блокирани сметки, продолжуваме со уште посигурен чекор бидејќи се уверивме дека сме на правиот пат.  Минатиот декември ветивме реконструкција на локалниот пат Градско - Долно Чичево, изградба на улицата „Цар Самоил“ во с. Виничани, улицата „Александар Македонски“ крак во Градско, улица во Кочилари и улица  во Подлес. Ветивме поставување урбана опрема на Подлешко езеро, во функција на енергетската ефикасност промена на дограмата во општинската зграда, во амбулантата во Виничани и дел во училиштето во Градско. И сето тоа го сторивме. Покрај сите пречки и вонредни состојби сето ова успеавме да го реализираме. Изработивме и канализациона мрежа во населбата Стопанство, проект вреден 70.000 евра кој ги реши проблемите наталожени 70 години од постоењето на населбата - рече Бешовски.

Тој најави што се планира да се работи следната година. Меѓу другото најави неколку капитални проекти, почеток на изградба на мост на Вардар кај Уланци, изградбата на двете биогасни централи кој ќе се градат наредната година во општина Градско, едната во Градско во вредност од 15 милиони евра со моќност од три мегавати и другата во атарот на Долно Чичево во вредност од 8 милиони евра со моќност од два мегавати и изградба на бензиска пумпа пред новата патарина кај Виничани во превец Велес - Градско.

На успешните локалната власт им додели признанија. Меѓу другите добија:  за најдобар просветен работник за 2020 година, Цвета Колева, наставник по природни науки и физика во ООУ„Даме Груев“ Градско,  „Хостел Ж“- Градско, Златко Митрев кој преку неговата фирма Ми-Комерц го помага фудбалскиот клуб Локомотива, кој настапува во Третата лига Југ, со аспирации за влез во Втора лига,  Винарија „Лазар“.   

Пред почетокот на свеченоста беше отворена изложба на академскиот сликар Спасе Перовски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »