Петар Печков
Објавено: петок, 21 август 2026
Општина Чашка набави 39 пластични контејнери за собирање на смет. Истите се преку проект со Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Набавени се 39 контејнари со големина од 1,1 метар кубен. Вкупната вредност на проектот насловен „Чиста Чашка“ за набавката е 414.180 денари.
„Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри начинот на собирање на комуналниот отпад на територијата на Општина Чашка. Тој ке придонесе за поголема заштита на животната средина и подобрување на извршувањето на комуналните услуги кон жителите“ – соопшти градоначалникот Суад Шаќиров.
Овие контејнери со одлука на Советот треба да бидат предадени на трајно користење на ЈПКД Тополка од Чашка. Тоа потоа ќе ги распредели по населените места во општината.
фото Општина Чашка
| Tweet |





