Петар Печков
Објавено: вторник, 17 март 2015
По однос на изнесеното на Порталот ,,Ти реков ми рече,, ја информираме јавноста дека ОПШТИНА ЧАШКА НЕ Е ТУЖЕНА ПРЕД УПРАВЕН СУД- Скопје ВО ВРСКА СО ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ ,,ЧЕПЛЕС,, и ДЕКА ПРЕСУДАТА на УПРАВНИОТ СУД СЕ ОДНЕСУВА НА ДРУГА ИНСТИТУЦИЈА И ИСТАТА НЕ Е ПРАВОСИЛНА и НЕМА ПРАВНО ДЕЈСТВО, а Општина Чашка како заинтересирана страна ќе поднесе Жалба за преиспитување на првостепената одлука на Управниот суд.
Погоренаведеното го бараме со цел да бидат променети насловите и содржината во текстовите во кои стојат невистините информации и податоци.
Општина Чашка во иднина ќе ги превземе сите правни средства против субјектите кои со изнесување на невистинити, лажни информаци и извртување на фактите и вистината го нарушуваат угледот и авторитетот на Општина Чашка како институција.
Tweet |