речник контакт

Општина Чашка со нова механизација за одржување на патиштата во зимски услови

Набавена е со помош на Вардарскиот плански регион и Бирото за регионален развој.

Петар Печков

Општина Чашка се опреми со нова механизација, во рамките на соработката со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Бирото за регионален развој.   Преку проектот „Унапредување на животниот стандард во Вардарски плански регион преку подобрување на патната инфраструктура во општина Чашка“ обезбедена е механизација- трактор и опрема за косење трева и расчистување на вегетацијата.

Оваа опрема ќе придонесе зголемување на ефикасноста на ЈПКД „Тополка“ и за редовно одржување на патната инфраструктура. Со нeа  значително ќе се подобрат условите за чистење на Општината, посебно во руралните средини во зимски услови .

Вредност на проектот е  изнесува 1,23 милиони  денари. Средствата потребни за набавката на механизацијата се обезбедени врз основа на Одлука на Владата на Република Македонија за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2026 година, а по потпишан Договор за реализација на проекти во Вардарски плански регион помеѓу Центарот за развој на Вардарски плански регион и Министерство за локална самоуправа-Биро за регионален развој.

фото Општина Чашка и Вардарски плански регион

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »