речник контакт

Општинарите и Дервенци посадија 250 садници дрвја кај месноста „Филтерна“ (фото)

Претходно биле засадени 10 садници „ликвидамбер“ на кејот покрај Вардар

Петар Печков

Bo акција за пошумување, на месноста „Филтерна“ засадени биле  вкупно 250 садници од липа, багрем, јасен и бреза. Во акцијата учествувале  претставници на Општина Велес и ЈКП Дервен,   целта била создавање поздрава и позелена животна средина.

Претходно во заедничка акција на двете институции беа засадени уште 10 садници „ликвидамбер“ на кејот на Вардар под потпорниот ѕид.

„Општина Велес во соработка со јавното комунално претпријатие Дервен континуирано реализиира акции за пошумување за збогатување на градот и околината со зелени површини“ – соопштија од локалната влас.

Тие порачаа да се чува природата и заедно да придонесуваме  за почиста и поубава општина

Фото Општина Велес 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »