Петар Печков
Објавено: четврток, 30 септември 2010
Како излез од лошите резултати на комуналците се најавува зголемување на цената на ѓубрарината, гробарината и зеленилото. Ова општинско јавно претпријатие за половина година забележа загуба од 7,5 милиони денари со што не беше во можност да ја плати последната, дванаесетта рата во висина од 12 милиони денари. Поради ова, како гарант за кредитот, локалната власт мораше да одвои средства од сопствениот Буџет за навремено плаќање на последната овогодишна рата.
Финансиската состојба на ЈКП Дервен е лоша поради што моравме да одвоиме средства за да се плати втората годинешна рата. За излегување од ваквата состојба имаме добиено барање од Управниот Одбор за покачување на цената на ѓубрарината кое е доставено до Советот – изјавија од општина Велес.
За да не се повтори претходната состојба, кога УО на ЈКП Дервен предложил а Советот прифатил, што не било законски па Уставниот суд ја укина оваа одлука, овој пат како предлагач на новите повисоки цени ќе биде градоначалникот Горан Петров. Одредени најави велат дека освен ѓубрарината ќе се покачи цената и на гробарината и одржувањето на зеленилото.
ЈКП Дервен плаќа по две рати во текот на годината, во јануари и јули и досега има отплатено 1,9 милиони евра а има за плаќање уште 10 рати кои се ви висина од 22 до 26 милиони денари годишно. Тој искористи 3,1 милион евра од кредитот МЕАП кој градот го подигна пред 13 години од ЕБРД во висина од 4,8 милиони евра.
Тој е наменет за подобрување на водоснабдувањето на Велес и промена на водоводната и канализациона мрежа во градот и со него неколкукратно порасна цената на водата за пиење, со што таа меѓу најскапите во Македонија.
Tweet |