Петар Печков
Објавено: сабота, 07 ноември 2020
Откако пред еден месец локалната власт набави лаптопи за наставниците кои немаат вакви средства, за да ја изведуваат онлајн наставата, на четврточната седница на Општинскиот Совет, одлучи да набави таблети за учениците.
Од Општинскиот Буџетза оваа намена се издвоени 1,3 милиони средства со точна кој итно е ставена на дневниот ред. Набавката на таблети е за ученици од училиштата во општината кои живеат во социјално ранливи семејства.
Таблетите што ќе ги набавиме ќе им бидат дадени на училиштата и тие со реверс ќе можат да им ги дадат на користење на учениците кои немаат. Така ќе може да се подобри следењето на наставата и учењето на децата“, кажа градоначалникот Коцевски.
Во октомври локалната власт објави дека шест основни и четирите средни училишта во велешко без уред за следење онлајн настава беа 535 ученика во основно и 157 во средно, или вкупно 692 ученици. За потсетување настава во велешко посетуваат 6.647 ученика, 4.503 ученици во основно и 2.144 во средно.
Од буџетот на Општина Велес била издвоени 150. 000 денари за набавка на кислородни концентрати за потребите на ковид центрите во општата Болница Велес.
Tweet |