Петар Печков
Објавено: четврток, 31 јануари 2013
Емилија Димовска е новиот претседател на Општинската Изборна Комисија за Велес а нов член е и Лили Велковска. Димовска е вработена во Министерството за образование а Велковска во локалната самоуправа на Општина Велес. Тие доаѓаат на местото од двете членки на ОИК кои беа од јавната администрација, но заминаа во пензија. Претседателот на ОИК избра секретар тоа е Адријана Лазарова Нановска.
Новина од овие избори е што целиот трошок за нивна работа паѓа на товар на Општинскиот Буџет, а локалната власт при неговото изгласување одвои средства за работа на ова тело. Наскоро Државната изборна комисија, компјутерски ќе ги одреди членовите на избирачките одбори и тие ќе ја имаат таа обврска за изборните циклуси во следните четири години. Досегашните избирачки одбори, повеќе не се важечки.
Tweet |