Петар Печков
Објавено: четврток, 28 мај 2015
Во ОУ Блаже Конески денес, се одржа 41-то Општинското првенство во Прва помош. Учествуваа 9 екипи ,5 основни и 4 средни од училишта од Велес.
Во категоријата основци 1-во место освоија ОУ „Благој Кирков“, а во категорија средношколци Гимназија „Кочо Рацин“. Освоеното прво место се доби по спроведена „мајсторка“ помеѓу екипите не Гимназија „Кочо Рацин“ и „Димитрија Чуповски“, бидејќи во регуларниот дел имаа еднаков број на бодови (381) по кои нијанси го одлучија победникот и воедно претставникот од нашиот град на Државен натпревар во прва помош кој ќе се одржи во септември во Крива Паланка.
Жирито кое го надгледуваше натпреврувањето беше од д-рЈадранка Мишкова и др- Владо Хаџинаумов.
Tweet |