Петар Печков
Објавено: петок, 19 мај 2017
Претпладнево во Младинскиот парк се одржа 43-тиот Општински натпревар по прва помош кој го организираше Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Велес.
Учествуваа петте основни училишта од градот и четирите средни.
Во конкуренција на младинци, средни училишта победија учениците од Гимназијата Кочо Рацин и тие како победници ќе учествуваат на републичкиот натпревар.
Кај основците најдобри беа учениците од ОУ Васил Главинов. Во оваа конкуренција нема натпревари на републичко ниво.
Оценувањето на учесниците беше од страна на доктори активисти на Црвениот крст.
Tweet |