Петар Печков
Објавено: вторник, 24 ноември 2020
Како дел од големата донаторска акција, волонтерите на Општинскиот Црвен крст на Велес, поделија 736 комплети со сликовници наменети за децата на возраст помеѓу три и седум години. Сетовите со сликовници се отпечатени на македонски, албански, турски, ромски и бошњачки јазик.
Во зависност од средината така била поделени на соодветниот јазик. Сликовниците се донација од Светска банка во соработка со Министерство за труд и социјала и Министерството за образование.
Комплетите со сликовници освен во Велес, се поделени и на децата во Градско, Чашка, Горно Јаболчиште, Горано Врановци, Горно Оризари, Иванковци, Бузалково, Сливник, Клуковец, Богомила. При распределбата учествуваат повеќе волонтери на ОО Црвен крст, помош добиле и од училиштата, месните заедници, основните организации на Црвен крст.
Tweet |