Петар Печков
Објавено: среда, 18 март 2020
Општинскиот Црвен крст за Велес започна да нуди нова услуга за жителите на велешко. Од денес 18-ти март, среда, отвори телефонски линии за укажување на психолошка прва помош, под заканата од корона вирусот.
Лицата кои имаат потреба од овој вид на услуга, поради многубројните информации кои секојдневно ги добиваат, а истите може да предизвикаат чувство на паника или страв, можат да се јават телефонски и да добијат соодветна психосоцијална поддршка - стои во информацијата на ОО на Црвен Крст Велес.
За психолошка прва помош можат да се јават граѓаните од Општините Велес, Градско и Чашка. Телефоните кои се отворени во два термини од 10 до 12 ч и од 18 до 20 ч. се: 076/278-178 и 078/317-035. Психолошката прва помош ја даваат двајца волонтери, дипломирани психолози, кои имаат поминато и обука за психолошка помош.
Tweet |